Од името на целокупниот персонал од училиштето до нашите матуранти!
Токму во овој час, токму овој ден СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани требаше да блеска во полн сјај.

Овој датум за Вас требаше да биде бела ноќ.Нашата ученичка генерација 2016-2020 година требаше да го одржи последниот класен час на кој со посебна и незаборавна возбуда ќе ги пречекавте последните пораки од Вашите класни раководители.

Само колку народ, цело Кочани ќе се собереше за да Ве види во Вашиот полн цут и да Ве испрати по патеките на Вашиот понатамошен живот посакувајќи Ви се најубаво, се најдобро…

Денес, сите Вие наши скапи ученици ќе ни приредивте холивудско сценарио.

Колку голем празник по домовите, низ маалата на матурантите, низ кочанските улици, во душата и срцата на родителите и блиските ќе се разлееше.

Наши скапи оскаровци, за жал црвениот килим со кој Ве пречекуваме остана нерасклопен.

Ова се моменти без разлика на се што се случува околу нас, ние, професорите и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани да Ви посакаме среќно заокружување на едно училишно патешествие на кое ни даривте безброј незаборавни моменти, креативност, енергија. Имаше и одредени отскокнувања, затоа што отскокнувавте во најдобрите работи.

Ценета генерацио!

Вашите стекнати знаења и вештини неоспорно очекуваме да Ве вивнат по патеките на иднината како препознатливи и достојни граѓани каде и да сте. Ве пречекавме малолетни и Ве испраќаме во иднината полнолетни да го зграпчите и промените светот правејќи го похармоничен, поубав, подостоинствен за живеење.

И во вакви специфични околности бидете со Вашата позитивна енергија затоа што сите ние сме со мислите и душата покрај Вас и Ви посакуваме

СРЕЌНА МАТУРА!

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари