Со заклучок од последната седница на Општинскиот кризен штаб, од денеска Градскиот пазар во Кочани е отворен за продажба на текстил и стока за широка потрошувачка, но реорганизиран според мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.

Дел од продавачите утрово изразија несогласување со таа одлука и побараа прием кај градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

„Одлуката е на Општинскиот кризен штаб, така што не можам сам да ја менувам. Затоа со претставници на продавачите на текстил на Градскиот пазар се договоривме за неа да дискутираме на следната седница на Општинскиот кризен штаб, на почетокот на идната седмица, на која ќе можат да присуствуваат и тие“ соопшти по средбата, градоначалникот Илијев.

Денеска, пазарот во Кочани функционира со забрана за поставување тезги на улицата „Гоце Делчев“. Службите од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ за оваа намена го подготвија просторот спроти Пешачко-трговскиот мост, откај улицата „Борис Трајковски“.

Во организирањето на новиот распоред и спроведувањето на мерките за заштита од КОВИД-19 на Градскиот пазар во Кочани учествуваа општинските комунални инспектори и редари, Територијалната противпожарна единица, а со делење маски за

продавачите и за купувачите, поддршка даваат и волонтерите од Црвениот крст.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари