СДС и Марија промовираат имагинарни мерки со пари кои ги немаме и не постојат.

Почитувани пријатели,

Само што ја проследив прес конференцијата на директорката на ФЗО, Марија Ангелова како ги преразкажува, односно ги чита мерките кој ги најави Зоран заев и Оливер Спасовски за “спас“ на економијата и мораме да констатираме, односно секој здраворазумен граѓанин ќе констатира, дека станува збор за мерки кои се чиста пропаганда.  Ветуваат ваучери кои не се достапни никаде, ветуваат помош која не можете да ја добиете, ветуваат помош од пари кои ги немаат. Имено ќе дозволам да слушнете за колку пари станува збор:

*извадок од прес на Марија Ангелова:

“Трите пакет мерки изнесуваат 550.000.000 евра“

 

Ветуваат 550 милиони од пари кои што не постојат, ги немаат, односно треба да се задолжиме.

Ако ја земеме бројката од 550 милиони и ја поделиме на бројот на жители што ги има Македонија, ќе видиме дека секој маж, жена и дете, па и мало бебенце ќе се задолжат за 264.8 евра или во денари тоа се 16.285 денари по човек. Ако земеме во предвод дека од Јануари до април се задолжија за 200 милиони евра а до крајот на годината најавија задолжување од 1,2 милијарди евра, ќе видиме дека досегашните мерки немаат никаков ефект а ќе немаат и овие мерки. Односно ветувањето дека овие мерки ќе имаат е ефект е како ветувањето за фасификација, како ветувањето за професионален театар, всушност и таму го одржува пресот, како ветувањето за сообраќајни мостови во Кочани, како ветувањето за Пониква-врвна туристичка дестинација, односно тоа е само чист и гол популизам.

Ако продолжиме со математиката ќе видиме дека овие мерки ќе ги задолжат сите граѓани во кочани за 7.5 милиони евра, односно промовират мерки со пари кои ги немаме. Досегашните мерки се задоцнети и немаат ефект, ќе немаат и овие. СДСМ секогаш ветуваат нешто што неможат да го исполнат, наместо 500 евра просечна плата ние дојдовме до ситуација да се разговара за исплата на плата од 14.500 ден. Се поголем број наши сограѓани имаат проблем да ги платат сметките и да го поминат месецот а за тоа време социјалдемократите и Марија промовираат имагинарни мерки со пари кои не постојат.

Дополнителен проблем е тоа што овие пари се ветуваат во еден период пред избори а самата исплата на вакви средства е забранета со чл.8-а од Изборниот законик.

Со СДС добивме само пропаганда, само криминал и сиромаштија.

Со обраќање од дома заради препораките:

Миле Лефков

претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари