Почитувани сограѓани,

Ние, здравствените работници, не можеме сами. Вие, граѓаните мора да ни помогнете преку почитување на мерките.

Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

Ковид – 19 се пренесува преку допир и воздушни честички, а трите главни механизми за заштита се носење на заштитна опрема, одржување на растојание и редовно миење раце.

Мерките за ограничување на движење се олабавуваат и секој од нас ќе може да помине повеќе време надвор. Но, да не заборавиме дека мора да сме многу внимателни и да се заштитиме при секое излегување.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје мора строго да се придржуваме кон мерките за лична заштита:

– Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

– Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

– Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.

Ќе успееме и ќе се заштитиме од коронавирусот, само ако секој од нас е многу внимателен и одговорен.

Да ги почитуваме мерките!

Заедно можеме да се справиме со овој предизвик и да се избориме за доброто на сите!

м-р д-р Душанка Горгиева Трпевски

Член на Комисија за здравство

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари