Денес, по повод престојниот празник Св. Кирил и Методиј, а воедно и нашите патрони, го обележуваме скромно празникот, се во согласност со вонредната состојба во нашата држава.

Оваа година изостануваат бројните гости и повеќето делагиции, но сето тоа е од добро познати и од оправдани причини. Да се надеваме дека оваа состојба ќе биде час поскоро завршена, а догодина ќе имаме можност повторно достојно да го прославиме празникот, онака како што ние знаеме и умееме.

Сакам на сите граѓани да им го честитам празникот на големите сесловенски просветители и наши учители Светите браќа Кирил и Методиј, а воедно и ја користам приликата на припадниците на муслиманската веросиповед да им го честитам, исто така престојниот празник Рамазан Бајрам.

Во оваа прилика, би сакал накратко да информирам и за успиот на првачињата во нашето училиште.

Имено, од 1 јуни започнува уписот на првачиња и тоа во Централното училиште уписот ќе се изврши од 01 до 08 јуни, во Подрачното училиште во с. Горни Подлог на 9-ти јуни и во Подрачното училиште во с. Бели на 10-ти јуни.

Училишни обврзници оваа година се дечињата родени 2014 година, а право на упис имаат и дечињата родени во јануари 2015 година, но за нив уписот се врши исклучиво по барање на родител и дадено мислење од стручната служба во училиштето. Поканите веќе се доставени до родителите на нашите училишни обврзници, но досегашното искуство ни покажало дека понекогаш, од непознати причини, не сите покани стигнуваат до примателите.

Меѓутоа, оние родители кои нема да добијат покана, слободно може да се обратат во училиштето, за да добијат информации околу уписите и термин за упис на нивното дете. За секое идно прваче во поканата е дадена дата и термин и апелираме заради нивна и наша заштита од КОВИД 19 да се почитуваат дадените термини.

За сите дополнителни прашања стоиме на располагање.

Дата Директор

22.05.2020год.

————————

Даниел Кралев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари