Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми!

Денес јас нема да ви говорам како да користите опрема за здравствена заштита. Нема да ве оптеретувам со штури факти за социјална дистанца, кои секојдневно ги слушате, читате и практикувате. Денес, ќе говориме за неспособноста на Власта да ја менаџира здравствената криза и за бегањето од одговорност кон граѓаните.

Г-да од Власта, дали планирате масовен скрининг на здравствените работници и на населението, или и понатаму се ќе биде по случаен избор? Ако помислите да кажете дека нема доволно серолошки тестови, тогаш одговорете како набавија околните држави? Сведоци сме на едно масовно тестирање во Србија, Словенија и останатите, а моментално ние сме со највисока стапка на заболени на еден милион жители. Дали со ова уште еднаш ја покажувате вашата некадарност и стара навика за манипулации?

Скринингот на здравствените работници е основниот репер за безбедност во државата во време на пандемии. А ако велите дека нема доволно средства за тестирања, како тогаш наоѓате за ексклузивни набавки на апетисани, пијалоци и сомнителни вработувања, и сето тоа во време на Корона и вонредна состојба? Дали сте подготвени, и морално и пред Закон да ги жртвувате ризичните групи и постарите од 67 години?

За крај, сите ние, и здравствени работници и останати, ги почитуваме препораките и мерките на СЗО, но тука во прашање е вашата контрадикторност, а не само секојдневна статистика и само да се каже нешто… ТЕСТИРАЈ, ТЕСТИРАЈ, ТЕСТИРАЈ!

П.С. И да, до која граница стигнаа респираторите?

Ви благодарам Гоце Марков –

портпарол на ВМРО ДПМНЕ ОК Кочан

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари