Со 100 килограми млад крап и 300 килограми крап со тежина од еден и половина до пет килограми денес беше извршено второто годишно порибување на езерото „Гратче“.
Порибувањето го извршија членови на СРЗЕК (Спортско Риболовно Здружение Еколошки Клуб) „Кочански Рибар“ од Кочани и претставници од Општина Кочани која како што беше истакнато годинава ја помогна оваа акција на порибување.
Претседателот на здружението Димитар Димитров во знак на благодарност му врачи статуетка од СРЗЕ „Кочански Рибар“ на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.
Како што потенцираше Претседателот на СРЗЕК Димитар Димитров целта на ова порибување е да во езерото има што поголема количина на риба за одржувањето и зголемувањето на рибниот фонд како и за претстојните натпревари кои се очекува да се одржат на оваа природна убавица.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.