Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј!

Со своето дело им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.

Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, се слават ширум светот и веќе се дел од европското културно и духовно наследство.

Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, тие го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.

ОО  НА  СДСМ  –  КОЧАНИ

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари