Интересни коментари се сé поприсутни денес на социјалните мрежи, од кои повеќето збогатени и со фотографии.

Полни со цинизам и навреди за чествувањето некогаш на денешниот ден кога се одбележуваа два празника во заедничката држава.

И не би било ништо чудно доколку коментарите се од деца родени во самостојна Македонија, но зачудува што коментарите доаѓаат од оние чии родители, роднини и пријатели па и самите тие беа во врвот на општинските комунистички организации и кои едноставно беа во сите структури на системот се со цел да дојдат до некоја повисока функција.

Тие заборавија се преку ноќ. И дека државата преку системот ги школуваше бесплатно, и дека се лекуваа бесплатно, и дека се вработуваа не со партиска книшка. Интересно што тоа како проблем го наметнуваат вечните критичари на кои ако им почнат реплики од другите нема да знаат на каде води патот.

Но тоа е проблем на менталниот склоп и на меморијата а и на желбата да продолжат и во овој систем онаму каде во претходниот застанаа.

Дека ништо не е фарса и лага ќе зборуваат фотографиите кои ќе ги презентираме за подготовките низ целата држава за да се чествува денешниот ден.

Со почит кон сите

С. Ивановски

634

29

f93

645

642

641

644

643

646

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари