Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти: Скопје 7, Куманово 2, Прилеп 2, Велес 2, Гостивар 1,
Крива Паланка 1, Пехчево 1, Берово 1.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19: Скопје 12, Куманово 3, Штип 1, Тетово 5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари