Утринава некаде пред 6:00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на Магистралниот пат Штип – Делчево во која учествуваа три патнички моторни возила.

Дежурен полицаец ја информирал територијалната противпожарна единица од Кочани која веднаш интервенирала.

Според првите информации повредени се десет лица од кои едно се здобило со повеќе скршеници и истото било приклештено во возилото поради што морале од противпожарната единица да го сечат лимот за да лицето биде извлечено.

По успешното извлекување лицето со возило на Брза помош било пренесено во Општа болница – Кочани.

Се испитуваат причините за несреќата.

Со повеќе информации во текот на денот.

С. Ивановски

87

88

89

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари