Целосно е завршена реконструкцијата на локалниот патен правец што го поврзува Кочани со трите села Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.

Реконструираниот локален пат овозможува побезбеден приод за околу 1 500 жители од овој крај. Реконструкцијата опфати проширување на коловозот од 3 на 4,5 метри, изградба на тротоар од едната страна со ширина од 1,5 метар, кој може да се користи и како велосипедска патека.

„Како што беше најавено, следната фаза по завршувањето на реконструкцијата е осветлувањето, што ќе му даде нов, урбан лик на овој рамничарски дел од Кочани и ќе биде убав пример како населените места треба да бидат поврзани со административниот центар“ истакнува Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Реконструкцијата се реализираше со грант од над 15 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка како дополнување на проектот за изградената регионална Пречистителна станица за отпадни води што е лоцирана во близина на селото Мојанци.

PIC_3972

PIC_3981

PIC_4018

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари