И З В Е С Т У В А Њ Е

За корисниците правни субјекти

Се известуваат корисниците правни лица дека заради ажурирање на базата на податоци на КЈП,,Водовод,, Кочани во рамките на проектот Пречиситителна станица финансиран од Владата на Швајцарска конфедерација и точно фактурирање на услугите спрема Вас како наши корисници на услуги, потребно е да се направи контрола на лице место за утврдување на фактичката состојба и тоа за следниве околности:

– потрошена вода по водомер ;

-услуга смет за деловна станбена површина;

– услуга смет за деловна дворна површина;

-услуга канализација ;

-прочистување на отпадна вода;

-користење на сопствен извор-бунар;

-дали имате склучено договор за комунални услуги;

За таа цел, комисија составена од лица вработени во КЈП,,Водовод,, Кочани почнувајќи од 01.06.2020 година ќе изврши контрола. За денот на контрола потребно е да обезбедите овластен претставник од Вашето правно лице во чие присуство ќе биде составен и потпишан записник од извршената контрола. Доколку се јави потреба од презентирање на потребни документи ( Имотен лист или Договор за закуп) истите потребно е да бидат приложени на увид.

За успешно и побрзо ажурирање на податоците се надеваме на наша заедничка соработка.

Со почит,

КЈП,,Водовод,,Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари