Почитувани сограѓани,

Во период кога епидемијата е ставена и се држи под контрола, ние мора да се враќаме во нормала, но и да научиме да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува, но вирусот е сè уште присутен. Затоа, не смееме да се опуштиме.

Борбата со вирусот ќе ја продолжиме преку целосно почитување на мерите на лична заштита и заштита на јавното здравје.

Во такви околности ќе функционираат и државата и институциите кои денеска се наоѓаат во крајно комплицирана состојба која налага организирање на избори во првиот можен рок.

Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.

На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет.

Само со такви институции со целосен легитимитет можеме полесно и побрзо да се справиме со здравствените и економски последици од коронакризата.

Со новата нормалност согласно протоколите за заштита ќе функционираат градинките, училиштата и факултетите, ќе функционираат угостителските објекти, фабриките и јавниот транспорт.

Нашиот град веќе доби нов, модерен лик, а реконструкцијата во Трговскиот центар е на самиот крај. Како што и најави Градоначалникот Николчо Илијев, по завршувањето на вонредната состојба, граѓаните ќе можат да му се вратат на омилениот простор кој нуди повеќе можности. Станува збор за едно од најфреквентните места во Кочани – чија реконструкција, осветлување и озеленување го вратија урбаниот сјај во центарот на градот.

Светот се отвара и враќа во нормала, тоа ќе го правиме и ние.

Ви благодарам!

Емилија Серафимова

Член на Совет на Општина Кочани и претседател на Комисија за здравство во ОО

СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари