Ќе го искажам моето лично незадоволство за одлуката што денес е донесена на УО на ФФМ.

Очигледо е дека ФФМ има двоен аршин кон клубовите од Третата фудбалска лига наспроти останатите две т.е Првата и Втората Македонска фудбалска лига. Морам да го истакнам фактот што на одредени клубови во првата и втората фудбалска лига им се прогледува низ прсти се со цел да останат во своите натпреварувања на сметка на третолигашите.

Како е можно двете прво пласирани екипи од вторите фудбалски лиги без доигрувања директно да влезат во Првата лига а првопласираните од Третата лига да играа бараж?

Срамно и жално е ФФМ да се претставува дека се бори вистинските љубители на фудбалот да се вратат на трибините а работи токму на спротивното. Само да ве информирам дека и клубовите од третите фудбалски лиги имаат потрошено доста финансиски сретста а притоа и на нивните натпревари имало публика повеќе од 1500 љубители на фудбалот што е многу повеќе од многу праволигаши.

ФК „Слога 1934“ есенскиот дел го заврши без примен гол со скор од 36:0 (голови) и притоа сите 10 натпревари кои ги играше ги победи во Третата фудбалска лига Југ и сега токму поради оваа срамна одлука на УО со играње бараж да зависи од еден натпревар целата сезона.

Токму поради ваквите одлуки спонзорите и вистинските љубители на фудбалот креваа раце.

Ивица  Димитров

Градоначалник на Општина Виница

DSCN1541

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари