Почитувани сограѓани

Избори ќе случат порано или подоцна, но ваквото ноншалантното и загрижувачко однесување на Власта не тера да мислиме дека освен пусти пари друго не ги интересира. Релативизација на сите опасности по здравјето на граѓаните и ништо друго…

Видовме како се справуваат со здравствената криза!? 60 заболени и 4 починати во еден ден?!

Срамно, неодговорно политички некорекно е недавањето Оставки. Најмалку што може да направат, е тоа. Се јавија еден куп волонтери во текот на пандемијата кои изработуваа маски, визири, капи, каљачи и останата опрема за заштита. Или на ова заборавија сите?

И покрај сета пропаганда во изминатите три месеци (директни преноси на секојдневните владини прес-конференции на сите телевизии, спотови, апликации, спонзорирани објави на социјалните мрежи, песни, аплаузи, вибер “стикери”) – веќе не може да се крие фактот дека Македонија најлошо се справува со пандемијата од цел регион.

Во целиот циркус кој го организираше Власта Македонија имаше (и има) убедливо најголем број на починати лица од целиот регион.

Сите манипулации со тестирањата (“циљано”-таргетирано тестирање, “лажен пик”, “има повеќе случаи затоа што тестираме повеќе”) – не можат да ги покријат новите случаи и поразителните бројки.

Приказната е иста.

Како и се друго успеавте и самата здравствена криза да ја исполитизирате и да ја злоупотребувате за претстојните избори. Со ваков памет, за стратегија сте далеку, нема да говорам, никој не може да предвиди што ќе се случува.

И да, дали сте подготвени да сносите одговорност?

Бараме одговорност а не само оставки

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари