Почитувани сограѓани,

Изминатиот период сите сме сведоци на бројни постови, пресови и изјави од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани кои се во основа лажни, неточни и лукративно ја искривуваат вистината.

Имаме разбирање за нивните „анализи“ кои го прикажуваат огромниот страв од реализираните проекти во последните две и пол години, период кога градоначалник на Општина Кочани е Николчо Илијев, а централната власт предводена од СДСМ!

Она што е реализирано во овој период наспроти двата мандати на нивното локално владеење покажува чесен и одговорен приод во работата, целосно поинаков од нивното расипничкото, криминално и корумпирано владеење.

Светилките во Трговскиот центар им ги оставаме тие да ги бројат, а ние секој ден ќе ги потсетуваме колку е урбан и поубав овој простор.

Секој ден можеме да правиме прес-конференции на новоасфалтираните или реконструирани улици – тие се повеќе од светилките од Трговскиот.

Стоиме исправени пред големи проекти кои говорат за залагањата на оваа власт предводена од СДСМ за подобрување на квалитетот и стандардите на живеење во секоја сегмент!

Да потсетиме:

– Во делот на социјалата – нова градинка и одобрени средства од Владата за решавање на прашањето на домување на жителите во Старата касарна;

– Во културата: реконструиран Центар за култура – реконструкција на Мултикултурниот центар;

– Во делот на туризмот, спортот и рекреацијата: развој на Пониква – изградба на планинарски дом, реконструкција на ски-лифтовите, велосипедски патеки;

– Во делот на образованието: Сите училишта ги извадивме од неподносливите долгови и услови за работа – поради што имаа забрана за работа од санитарната инспекција. Сите се без долгови и реконструирани.

Нивните дубиози се непресушна инспирација за прес-конференции. Истовремено го отсликуваат нивниот страв од резултатите кои се очигледни пред граѓаните – резултати кои се добиваат кога се сака општината и се работи за доброто на сите граѓани!

Заедно можеме да градиме општество за сите!

Заедно можеме многу повеќе!

Ви благодарам!

Сашко Иванов,

член на Извршен одбор во ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари