Кога ние рековме СТОП за фудбалските криминалци, кога рековме дека нема да играме повеќе затоа што парите од котизација не ни беа вратени и од ОФС Штип и од ОФС Кочани, и не само на нас,туку и на многу други клубови, кога рековме нема да играме општинска лига, затоа што бевме на врвот на табелата на Трета Фудбалска Лига – Исток, тие со сите сили се обидоа да не стават за еден ранг подолу.

Тогаш неколку клубови мислеа дека ние водиме некаков инает, и дека не сакаме да играме, но сега сме длабоко убедени дека и тие сфатија со кого си имаат работа.

Но едно е тие што мислеа а друго е нашето мислење, ние сакавме да играме фудбал повеќе од било кој друг клуб, бидејќи имавме најдобри услови, имавме најдобар тим, имавме ентузијазам, желба, но сепак, не сакавме да имаме работа со БАГРА која ја води Трета Фудбалска Лига – Исток.

Кога ние рековме дека треба да ги смениме овие криминалци, и кога беше се спремно на Вонредното Изборно Собрание да дојдат промените, некои „делегати” во последен момент не продадоа и нас а се предадоа и самите себе со тоа и фудбалот во Штип.  Иако се колнеа во сопствените деца дека нема да им дадат поддршка на криминалците, сепак го променија своето мислење во последен момент.

Еве сега, се исплива на површината, штипските делегати во ФФМ на дело покажаа колку ја сакаат и и мислат добро на ФК „БРЕГАЛНИЦА“ и на фудбалот во Штип. Си го покажаа вистинското лице, па сега сме сосема убедени дека тие со својата инертност и незаинтересираност во ФФМ директно имаат допринесено ФК „БРЕГАЛНИЦА“ да не добие влез во Првата Македонска Фудбалска Лига.

Жално е за фудбалот во Штип и за еден ваков клуб, со ваков тим, со ваков сопственик како Кирил Гогов да не игра во највисокиот ранг од натпреварувањето во Македонија.

Ние од се срце посакувавме ФК „БРЕГАЛНИЦА“ да се најде во елитата, каде и е местото бидејќи и Штип како град и штипската публика заслужуваат да гледат фудбал од највисок ранг иако бевме и пред тоа убедени дека со вакви криминалци тешко ќе биде тоа остварливо.

Се додека двоецот Коцев и Џонов му ја кројат судбината на фудбалот во Штип, тешко дека ќе имаме фудбал каков што заслужуваме.

Спортски поздрав

ФК „КЕЖОВИЦА“

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари