Културно-историски , гастрономски, здравствен, спортски, образовен, ловен и риболовен туризам, општина Виница има услови за развој на сите видови туризам, но мора да работи на три главни приоритети со кои ќе се создадат и практични услови за зголемен развој на туризмот. Општината мора да инвестира во квалитетни човечки и институционални капацитети, интензивно да работи на туристичката инфраструктура, а дури отпосле да креира квалитетна туристичка понуда со соодветна промоција на потенцијалите.

За сите овие приоритети , во документот се наведени и конкретни мерки со активности, но и временски рок на реализација

Изјава Оливер Филиповски, Туристика-Скопје: „Во овој специфичен период донесовме финален производ на којсе работеше во изминативе 6 месеци, направивме стртегија за период од 5 години, и во неа го ставивме се она што го има општина Виница како туристички потенциојал, и Веруваме дека се она што го ставивме на хартија ќе се оствари. Се што е вклучено во Стратегијата се реални мерки и активности и верувам дека Виница ќе стане едно добро туристичко место. Ние се фокусиравме на три приоритети, најмногу на инфраструктурата, со имплементирањето на тие активности, ќе се создадат услови за понатамошен развој на туризмот во општината“.

DSC_4114

Општината веќе работи на дел од позначајните инфраструктурни зафати, вели градоначалникот Димитров.

„Стратегијата е готова, работевме ние од општината, но имавме подршка од бизнис и невладиниот сектор, како документ е значајна за да можеме во иднина да аплицираме до сите фондации. Што се однесува до најбитниот предуслов во развојот на туризмот, а тоа е инфраструктурата, ние како општина веќе работиме на истата, а еве јас како позначајни во тој дел би ги издвоил проектите за техничка документација за патот Трсино-Голак, како и проектот за патна инфраструктура Градец-Лисец, и независно кој ќе е градоначалник во иднина, треба да го следи овој документ и да работи на негова имплементација, да може да се развива туризмот, кој е многу битен сегмент во севкупниот развој на една општина“ изјави Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.

Стратегијата е отпечатена во 200 печатени примероци, и 100 цедиња, има англиска и македонска верзија, и ќе биде достапна и преку веб страната на општина Виница.

Истата финансиски е поддржана од Министерството за економија.

DSC_4108

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари