СЕГА  Е  ПОТРЕБНО  ЕДИНСТВО  И  ДИСЦИПЛИНА  ВО  ПОЧИТУВАЊЕТО  НА  МЕРКИТЕ.  ЌЕ  УСПЕЕМЕ!

Почитувани,

Во пресрет на продолжениот викенд, на седница на влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, беа донесени одлуки со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од 21:00 часот во четврток до 05:00 часот во понеделник.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од 21:00 часот во четврток до 05:00 часот наутро во петок. Петок, сабота и недела – забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Во периодот од 21:00 часот во четврток до 05:00 часот наутро во понеделник, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби.

Петок се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Почитувани сограѓани, вирусот е присутен и опасен. Само со почитување на мерките ќе успееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е Општина Дебар.

Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост.

Секој мора да носи маска, секој мора да држи дистанца од 2 метри и секако без групирање. А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства!

Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот. Седел во затворен дел во кафеана иако тоа е најстрого забрането според мерките за заштита од Ковид-19.

Вчерашно однесување на Мицкоски е директен доказ дека овој незрел политичар кој себе си се нарекува лидер на опозиција директно поттикнува непочитување на мерките и заштита од вирусот.

Дополнително, поттикнува и неказнување и заштита на прекршителите од страна на МВР. Тие на тоа се навикнати, да штитат криминал.

Мицкоски, Чулев и нивните послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботираат борбата со вирусот надевајќи се на зголемување на бројот на заболени. Не им е жал за болните, за докторите, за оние кои поради нив и таквите како нив кои не ги почитуваат мерките сега мораат повторно да бидат во карантин.

Ги повикуваме граѓаните да не го следат ова неодговорно однесување на Мицкоски, и спротивно од него да ги почитуваат мерките за заштите од КОВИД-19.

Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема! Во ваква ситуација, политичарите мораат да бидат пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови!

Голема поддршка до сите здравствени работници и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките!

Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!

Ви благодарам!

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари