Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19: Скопје 46, Kуманово 19,  Штип 17,  Прилеп 1, Тетово 16, Струга 7, Велес 3,
Битола 1, Охрид 5, Гостивар 6, Кочани 1, Делчево 1, Неготино 2.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти: Прилеп 2, Тетово 1, Велес 4, Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари