Минатонеделната реакција на станарите на зградата кај „Бетон“, доби експресен одговор. На барањето на станарите коишто се пожалија на запуштеноста и узурпацијата на просторот околу овој објект од возилата кои стојат паркирани подолго време во нивната непосредна околина, позитивно им одговори градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

„По разговорите што ги имав со надлежните, наскоро ќе отпочне постапката за отстранување на овие 16 возила и овој простор ќе биде ослободен, а Општина Кочани ќе почне со неговото уредување. Тоа се возила кои се одземени по разни основи, меѓутоа поради судски или други постапки сѐ уште стојат овде. Ние како локална самоуправа имаме желба да им помогнеме на станарите од оваа зграда и овој простор да го уредиме според нивните барања и потреби. Разговаравме и со надлежните од Полициската станица во Кочани коишто треба да завршат еден дел од работата, а тоа е да ги подигнат возилата и да бидат однесени на место каде што во изминатиот период сместивме 40-ина такви возила“ соопшти за медиумите градоначалникот Илијев.

Станарите со кои градоначалникот оствари кратка средба, изразија благодарност за брзата интервенција на нивното барање.

PIC_4583

PIC_4574

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари