По утврдувањето на деветте нови случаи позитивни на коронавирусот, Општинскиот кризен штаб одржа седница со единствена точка на дневен ред – разгледување на состојбата и преземање мерки за спречување на ширењето и заштита од заразата што ја превидизвикува новиот вирус.

Директорот на Центарот за јавно здравје Гоце Серафимов соопшти дека со скринингот биле опфатени 329 лица вработени во градинките во Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница, Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица. Деветте позитивни лица од Кочани се од различни објекти на кочанската градинка. Досега Центарот за јавно здравје има направено анализи на вкупно 753 брисеви.

„Со ова се потврди присуството на вирусот, а растот на бројот на заразени е резултат на непридржување кон мерките за заштита. Простор за паника нема, бидејќи случаите се познати и се под контрола, но примената на заштитните мерки е повеќе од потребна“ рече Серафимов.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека токму поради присуството на вирусот, неопходна е одговорност и поголема ажурност на инспекциските и другите надлежни служби.

PIC_4628

Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи – Кочани, во контекст на состојбата најави дека полицијата во наредниот период почесто ќе биде на терен и ќе го контролира носењето заштитни маски, држењето дистанца и групирањето, како и почитувањето на протоколот за отворање и работа на угостителските објекти.

Деновиве КЈП „Водовод“ и ТППЕ – Кочани ќе ги дезинфицираат улиците, местата за одлагање на отпадот, градинките, училиштата и другите јавни објекти. Матичните лекари предложија, а Кризниот штаб донесе заклучок директорите на училиштата ригорозно да ги спроведуваат мерките за заштитата, а состаноците да се држат и на отворено. Детските и повеќенаменските игралишта не се пуштени во употреба и потребно е да се почитува таа забрана. Користењето на овие јавни површини е на ризик на родителите и на децата, а непочитувањето на мерките за заштита е казниво.

Кризниот штаб упати апел до сите превозници, таксистите и патниците најодговорно да ги применуваат мерките за заштита од заразниот вирус.

Градоначалникот Илијев повтори дека само со одговорно однесување ќе може да се спречи ширењето на вирусот и повика сите да се придржуваат кон мерките за заштита: употреба на маска или марама, одржување хигиена и растојание од 2 метра.

PIC_4625

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари