Денеска, на бистата на Синиша Стоилов во ОУ во Зрновци кое го носи името на македонскиот бранител, по повод 19 години од смрта, положија свежо цвеќе членови на семејството, делегација од Општина Зрновци предводена од градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков, делегација на АРМ, делегација од ОК на ВМРО ДПМНЕ Зрновци, Кочани и Виница, како и полковникот Драган Ковачки.

Синиша Стоилов (31 август 1965 – 10 јуни 2001) бил македонски бранител, капетан на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Загинал на 10 јуни 2001 кај кумановското село Слупчане од 120мм граната испукана од страна на терористите на ОНА. Синиша потекнува од семејството Стоилови, од татко Стоимен, роден во Мородвис, и мајка Љубинка, родена во Зрновци. Татко му бил офицер во ЈНА, и од тие причини често го менувале местото на живеење. Роден е во градот Бенковац, Хрватска, на 31 август 1965 година.

Во 1970 година татко му добива служба во Куманово, каде и го започнува своето основно образование. Во 1975 година, заедно со својата мајка и сестра се преселуваат да живеат во Скопје каде го продолжува своето школување. Од мала возраст постојано го посетувал родното место на своите родители Зрновци и Мородвис и секое слободно време го користел за дружење и играње фудбал со своите врсници.

Слава му!

8586

83

87

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари