Со отворањето на „Пречистителната станица“ селото Мојанци  го зафати градежна експанзија. Со поставување на електрично осветлување, со проширувањето и со   асфалтирањето, како и уредувањето на патниот правец Кочани-Мојанци жителите од овие кочански села добија модерен пат кој сега ги поврзува со градот.

Паралелно со изградбата на патниот правец Кочани-Мојанци се започна со асфалтирањето и на улиците во Мојанци за да денес се соопшти дека и последната неасфалтирана улица е во завршна фаза.

По тој повод Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев рече: „Завршува асфалтирањето и на последната неасфалтирана улица во селото Мојанци. Наскоро ќе се бетонира уште еден пристапен крак и Мојанци веќе е пример за инфраструктурно средено населено место. Останува жителите да продолжат да придонесуваат во изгледот и неговата чистота и да бидат заедница што се грижи за јавното добро!“

72

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари