Почитувани,

Неспособноста на СДС можеби најмногу на своја кожа ја почуствуваа младите во Република Македонија.

Младите се разочарани од СДС и за жал се поголем број од нив не ја гледаат својата иднина овде. Во овие три години имаме рекорден број на иселени млади лица, иако СДС ветуваше дека ке ги враќа и веќе иселените. СДС им ветуваше вработување по завршување на школувањето, отварање на бизнис инкубатори, изградба на студентски град, но по доагањето на власт заборавија на ветувањата, но и воопшто на нив.

Празните предизборни ветувања се само алатка за манипулација на СДС, тие се познати по таквиот начин на функионирање , но младите се доволно свесни и разумни за да го препознаат тоа.

Соочени со огромното незадоволство кај младите од нивното владеење, СДС на еден срамен и потценувачки начин, типичен за нив, се обидуваат да ги поткупат со ваучери од 3000 ден. и се надеваат дека истите ќе им заборават и ќе им го опростат тоа што ги лажеја и заборавија на нив сите овие години.

Не господа од СДС – со ваучери од 3000 денари неможете да ПРЕСим ја надоместите украдената иднина на младите, и ваквите очајнички потези со „3000 денари за невработените млади, а 100.000 евра за Кочо Анѓушев не само што нема да ви поминат кај младите , напротив уште повеќе ја исцртуваат грдата слика на младиот човек за вашето владеење.

Ви благодарам,

Кирил Ѓеорѓиев

Секретар на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари