Седум медицински сестри од Општата болница со проширена дејност Кочани од денеска заминаа на работа во Универзитетската клиника за Инфективни болести во Скопје.

Прераспределувањето се должи на недостаток на медицински кадар во болницата во Скопје, па по барање на Министерството за здравство и Клиниката за инфективни болести, седуммината здравствени работници од Кочани од денеска ќе бидат поддршка на своите колеги на Клиниката во Скопје.

Директорот на Општа болница со проширена дејност Кочани Александар Серафимов, информираше дека се постапува според претходно утврдени упатства од Министерството за здравство и дека овој одлив на кадар нема да влијае на нормалното функционирање на болницата.  Тој додаде дека кочанската болница располага со доволен број на медицински кадар, и поради тоа, тие излегле во пресрет на барањата на Министерството за здравство.

Здравствените работници ќе останат на Клиниката во Скопје во следните две седмици, а освен медицински лица од Кочани, на Инфективна од денеска ќе помага и персонал од болниците од Велес, Кичево и Кавадарци.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари