Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19: Скопје 46, Куманово 6, Штип 6, Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Струмица 1, Свети Николе 1, Ресен 6.

Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти: Скопје 10, Прилеп 2, Тетово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари