Почитувами медиуми, почитувани сограѓани,

ВМРО-ДПМНЕ има само два услови има за претстојните избори 2020:

Државата да изработи протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните.

Да организираме фер и демократски избори.

Ден пред почеток на кампањата да има  пристигнато мисијата на ОБСЕ и ОДИХР .

Полна и навремена набљудувачка мисија на ОБСЕ е најдобрата гаранција за фер кампања и избори.

Со ефикасни мерки од здравствените власти уште од денес, дополнителни 7-10 дена во јули ќе значат натамошно намалување на бројот на заразени со што ќе се намали стравот на гласачите.

Така излезноста ќе биде поголема, а со тоа и легитимитетот на победникот.

Доволно беа тактизирања и надмудрувања. Видовме како лошото менаџирање предизвика Македонија да ги има најголемите бројки на заразени на Балканот па и во светот, да не дозволиме лошиот и избрзан однос кон изборите да предизвика иста таква криза и исти такви последици за демократијата.

Да не се остави причина за влегување во нова тешка политичка криза и дестабилизација.

На народот му е доста од кризи. Да одиме на едни фер избори, без опасност за здравјето. Ние како ОК на ВМРОД ДПМНЕ од Кочани имаме одлична екипа, програма и одлична кампања со која сакаме да им се претставиме на граѓаните, и ние и народот едвај чекамеда го кажеме својот збор.

Зборот на граѓаните на престојните избори ќе биде конечниот збор за тоа како треба да се води Македонија, да не го потценуваме тој народ со желбата да си премолчи и да остане дома!

Со почит,

Миле Лефков

Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари