Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 140,  Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1, Ресен 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје 35, Куманово 1, Штип 6, Тетово 1, Струга 1, Гостивар 1, Валандово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари