Почитувани,

Изминативе три години за жал сите бевме сведоци на расипничкото владеење на СДС, уништувањето на нашата татковина и понижувањата на македонскиот народ.

За неполн месец, сите ние, имаме можност да ставиме крај на овој хибриден режим и на криминалните кланови од СДС кои ја злоупотребија власта за лично богатење на грбот на граганите.

Да и покажеме дека ни е доста од селективна правда, од Луј Витон чанти и милионски рекети.

Дека ни е доста од “трас- трас” судстсвото на Заев кое осуди новинар затоа што известува за случајот “РЕКЕТ” додека ги амнестираше оние кои стоеја зад Рекетот.

Доста од корумпирани политичари кои се спремни и најсветото да го распродадат само за да останат на власт.

Oд функционери кои си делат стотици илјади евра народни пари на своите блиски од разни државни фондови, додека граѓаните ги лажат со ветувања за 500 евра плата.

Да и покажеме на оваа неспособна власт, која ја урниса македонската економија дека времето на криминални тендери за фамилијарните фирми е завршено.

Дека времето на аболицирани политичари е завршено.

Да и кажеме дека Македонија не заборава.

Ви Благодарам,

Виктор Арсовски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари