Село Липец со целосна подршка од општина Виница ќе освежи дел од инфратруктурата со поплочување на две улици, а ќе добие и канализациона мрежа. Улиците се во горниот дел од селото, во непосредна близина на училиштето и се со вкупна површина од 520 м2, а како што најави градоначалникот Димитров, изработен е и проект за канализациона мрежа која селото сеуште ја нема.

„Ние како општина во овој период ќе работиме на поплочување на поголем број улици во градот и селата, започнуваме од село Липец, и овде паралелно со улиците се освежува и зградата на училиштето “Кочо Рацин“ во која треба да стартуваат 9 ученици од септември. Во делот на инфраструктурата, ќе работиме и на канализациона мрежа за која проектот е изготвен и очекувам во најскоро време жителите на ова село конечно да го начекаат решавањето и на овој проблем“, рече градоначалникот Димитров.

После Липец, поплочувањето ќе продолжи и во другите населени места, каде се планирани 2700 м2 бехатон плочки, и дополнителни 3300 м2 во градот. Оваа инвестиција во висина од 5 милиони денари е обезбедена со сопствени средства од општинскиот буџет.

Општина Виница

DSC_4136

DSC_4114

DSC_4153

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари