По неколку години застој и неработење, некогашното кафуле во Градскиот Трговски Центар во Кочани, „Сан Паоло“ од минатата година доби нов, поинаков сјај.

Различниот асортиман што им го нудат на своите посетители е навистина нешто што донесува убавина и задоволство.

Познатите европски вафли се вистински хит речиси кај сите генерации, сите што еднаш вкусиле повторно се враќаат.

Но не се само убавина вафлите направени по европски критериуми, тука се нудат и палачинки со различни вкусови и додатоци, се нудат коктели, сладоледи и кафиња во неколку вида.

Токму денешната посета на „Сан Паоло“ од страна на едни стари кочанчани кои со години живеат во Европа и нивната кратка изјава доволно зборуваат за квалитетот: „Добро е што иако официјално Македонија не е влезена во Европа, сепак европски квалитет веќе влегол во Кочани“.

С. Ивановски

63

65

64

66

6968

6867

60

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари