Одговор на градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, на обвинувањата на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков поврзани со транспарентот со политичка содржина

Почитувани сограѓани,

Кога станав градоначалник на Општина Кочани, всушност избрав да бидам градоначалник на сите граѓани, беа оглед на нивната национална, верска, партиска или друга припадност.

Очигледно, партиските функционери не се научени да ги гледаат работите неутрално, граѓански, човечки. Затоа, пред да мислат – обвинуваат и јавно осудуваат. Таков е случајот со обвинувањето упатено кон мене, во врска со транспарентот со политичка содржина.

336

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков ме осуди дека сум вмешан во изработката на транспарентот, бидејќи „сум имал дома 50 метри платно“.

Непромислено и недолично за еден кандидат за пратеник! Како градоначалник, стопанственик и како човек, јавно ги осудувам сите недолични однесувања во пресрет на изборите без оглед од каде доаѓаат. Повикувам на достоинствено однесување за време на претстојната кампања. Ги повикувам политичките субјекти да не ја злоупотребуваат инфраструктурата и да не го уништуваат јавното добро! Да го задржиме дигнитетот и да се однесуваме човечки и коректно!

Од кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ барам веднаш да се извини за изнесеното обвинување!

Почитувани граѓани!

Во изборите што доаѓаат, ќе продолжам да си ја работам мојата работа: ќе излегувам на терен за да ги следам инфраструктурните активности – се асфалтира на многу локации, се градат нова градинка и планинарски дом, се реконструира Мултикултурниот центар. Ќе ги следам сите започнати проекти – тоа не е затоа што доаѓаат избори, туку затоа што Кочани продолжува да се гради! Ќе лобирам за нови проекти за Кочани! Ќе работам сѐ што е во законски дозволените рамки – настрана од политиката, во интерес на сите граѓани, беа оглед на партиската припадност, националност, пол или вера!

333

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари