Во последно време сведоци сме на голем број „лажни вести“ речиси што ги опфаќаат сите сфери  на  живеењето. Сепак денес некои отидоа и подалеку. Имено речиси на еден час пред официјалното известување од Министерот Венко Филипче за нови случаи со Ковид – 19 некои портали побрзаа и изнесоа податок што внесе немир меѓу жителите на Кочани.

Токму тие портали намерно или не објавија дека во Кочани нови случаи на Ковид – 19 има 13 иако подоцна во официјалното известување од Министерот Венко Филипче стои дека бројот е 3 а не 13.

Дека некој побрза да манипулира со бројките се гледа бидејќи Куманово со 11 нови случаи претходно не беше спомнато.

Доколку се споредат бројките во двете информации лесно ќе се заклучи дека се работи за обична дезинформација која никој не знае од кого и зошто е така пласирана.

Ова се бројките објавени од неколку портали на 1 час пред официјалното известување: Скопје 100, Тетово 19, Кочани 13, Велес 6, Штип 6, Струга 2, Свети Николе 1, Кратово 1, Гевгелија 1, Гостивар1, Кавадарци 1, Охрид 1, Битола 1, Прилеп 1, Куманово 1, Дебар 1.

Ова се официјалните бројки од Министерот Венко Филипче: Скопје 100, Куманово 11, Дебар 1, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 19, Струга 2, Велес 6, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Кочани 3, Кратово 1, Свети Николе 1.

Очигледно е дека некој додадените 10 за Кочани ги скратил кај Куманово. Која е целта треба да се испита.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари