По рехабилитацијата на 11 км од патот Пониква – Кочани, деновива почна втората фаза од обновувањето и на останатите 7,4 км.

За овој градежен зафат се наменети 41 милион и 600 илјади денари, средства од Јавното претпријатие за државни патишта.

„Ги направивме сите напори и овој дел од патот да биде реконструиран, со што целосно решаваме едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност. Проектот опфаќа нов асфалт, поставување рабници, сливници за атмосферската вода, еластични огради. Овој патен правец значи многу за развојот на Кочани, Пониква и на целиот регион. Сакам да истакнам дека паралелно со ова, на Пониква веќе се реконструираат двата постоечки ски-лифта, инвестираме во нов планинарски дом и во изграда на две велосипедски патеки од Кочани до Пониква, што значи правиме сѐ да ги зголемите туристичките потенцијали на Пониква и да придонесеме за побрз развој на регионот“ соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Лани беше поправен најоштетениот дел од патот Пониква – Кочани. Градежните работи се одвиваа на потегот од паркингот на Пониква кон градот, во должина од 10,4 км. Непосредно потоа беше реконструирана и улицата „Страшо Ербапче“ која води кон Пониква, во должина од 2,4 километри од крстосницата кон Пониква, на влезот во Кочани, до клучката кај селото Бели.

212

213

214

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари