Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19: Скопје 57,  Куманово 13,  Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струга 1, Велес 1, Битола 2, Охрид 1, Гостивар 1, Ресен 2.

Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти: Скопје 11, Тетово 10, Велес 1.

Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари