Владата на Република Северна Македонија, предводена од СДСМ, успешно ја спроведува долгорочната стратегија за изградба на патна инфраструктура која ќе остане и за идните генерации.

„Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфаструктура, а во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години. Градиме за да ни се развиваат селата, за да ни се чисти реките што ги напојуваат нивите, да ни биде здрава и вкусна храната што ќе ја ставиме на домашната трпеза“ рече во денешното видео обраќање за јавноста кандидатката за пратеник на СДСМ, Марија Ангелова.

За инфраструктурниот развој на локално ниво, зборуваше Сашко Иванов.
„Оризари може да се пофали со голем инфраструктурен подем што му се случи изминативе скоро 3 години. Неговите жители се благодарни за значајно подобрените услови за живот во најголемото населено место во општина Кочани. Како никогаш досега, овде, без застој – улиците добиваат асфалт. Тоа се улици кои повеќе од 50 години никогаш не биле приоритет. Мал е бројот на таквите кои чекаат на решавање на ова прашање. Асфалтиран е Пазарски пат, односно улицата „Енгелсова“, најстариот пат што го поврзува Кочани со Оризари. Неговата изградба ќе продолжи, за што веќе е подготвена техничка документација. Улиците „Лазар Стоименов“, „Ангел Донев“, „АСНОМ“, трите крака на „Раде Кратовче“, со нивната ширина и комплетна изведба му даваат современ изглед на Оризари“ истакна Сашко Иванов, член на Извршниот одбор на СДСМ – Кочани.

Иванов додаде дека на задоволство на целото село се гради и патот до локалитетот Добра Вода, каде се наоѓа манастирот „Пресвета Богородица“. Решавањето на  оваа сообраќајна врска е уште еден значаен потег што ќе ги истакне убавините на овој крај и ќе го направи привлечно ова излетничко место.

Благодарение на определбата на локалната самоуправа за рамномерен развој, само во 2020 година се планирани 9,7 км улици и патишта во руралните делови на Кочани од кои 4,7 км веќе се изградени, а во тек е градбата на 2,5 км.

Изминативе скоро 3 години, покажавме дека може да се работи чесно и одговорно!

Продолжуваме понатаму! Можеме уште повеќе – уште подобро!

ОО на СДСМ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари