На 23.06.2020 во 19.42 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Мојанци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Н.(44) и И.Ј.(38) и двајцата од с.Мојанци. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.06.2020 во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на автобуското стојалиште во с.Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети. Од страна на полициски службеници на сите учесници во тепачката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари