Почитувани,

За неполна недела, кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, по вторпат ја лаже јавноста. Пријавата за клевета и нарушување на углед, веќе му е заслужена.

Зградата што е сопственост на ИНТ-трејд е стара повеќе од 35 години. Таму се врши замена на прозорци и други работи за реконструкција на внатрешноста. Нема доградба, нема пренамена, нема измени во габаритот, нема додаден ниту еден прозорец, за да има потреба од информативна табла и оградување на просторот. Но, правникот или не ги прочитал законите или намерно лаже!

Во време додека се изведуваат работите, објектот го посети инспекција, која не најде забелешки во работењето. За тоа постои записник. Патем, на ниедна инспекција не ѝ е забрането да си ја врши својата работа. Се чини дека кандидатот за пратеник, поранешен директор на образовна институција, зборува за криминал и корупција водејќи се од начинот на управување од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 20-годишното работење, ИНТ-трејд, кое не е заштитно друштво, нема користено никакви субвенции од државата и нема учествувано во ниедна јавна набавка. По различни даночни основи, има платено данок повеќе од 2 милиона евра, пари од кои вие, Миле Лефков и вашето семејство земате плата, како вработени во јавната администрација. Колку данок плативте вие, Миле Лефков и фирмите на кои бевте основач, или пак вашите сопартијци?! Редовното и уредно плаќање на данокот е најсилниот доказ за патриотизмот. Оној патриотизам со кој вие лажно се чукате во гради е само за да дојдете до личен профит!

За начинот, чесното и одговорно работење на Општина Кочани, доказ ќе имате наскоро во форма на извештај од Државниот завод за ревизија, кој два месеци го анализира нашето работење.

За да прогласите војна во корупцијата, мора да почнете од себе и да ги исчистите вашите редови!

Градоначалник на Општина Кочани

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари