Во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 66,
Куманово 13,Штип 13,Прилеп 2,Тетово 20, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6, Ресен 12

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје 47, Штип 13, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 2,  Велес 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гевгелија 2, Кочани 1, Пробиштип 1

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари