Почитувани,

Политичките противници почнаа валкана кампања, засегнувајќи лица и компании кои  немаат допирни точки со изборите. Тоа е нивниот познат обид да го оддалечат вниманието од нивните коруптивни  патриотско-профитерски скандали.

Еве еден интересен податок за тоа. За парламентарните избори во 2016 година, поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски уплатил 10.000 евра на сметката на  партијата ДУИ.

Кои биле неговите мотиви за спонзорство на оваа партија?
Дали морал да се разборчи за отпечатените учебници и книги во партиската печатница?!

Дали гледал дополнителен личен интерес во овој влог?!
Ова е уште еден доказ дека кај ДПМНЕ нема ништо патриотско, за нив се најважни теснопартиските и личните интереси.

Ние градиме мултиетничка држава,  тие развиваат мултиетничка корупција.
Ние градиме едно општество за сите – а тие ги сакаат народните пари!

Борбата против корупцијата мора да продолжи! Уште повеќе, уште посилно!
Ви благодарам,

Марија Ангелова,
кандидатка за пратеник од

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари