Проектот за третман на отпадните води во Кочани продолжува со решавање на канализациските системи во селата Тркање и Оризари и рехабилитација на мрежата во Кочани.

Претставници на проектантот „Хидроенергоинженеринг“ и консултанти на проектот ги презентираа анализите од увидот во состојбата на теренот и излегоа со предлог-решенија пред раководните и стручните служби на Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

Решавањето на канализациската мрежа во Тркање ќе значи комплетна покриеност на селото кое има 400 домаќинства, а постојната фекална канализација опфаќа само половина од нив. При проверката извршена со геодетско снимање и утврдување на состојбата, инженерите констатирале дека шахтите се плитки, наполнети со нанос, има куќни приклучоци директно во цевка и се утврдени локации со падови помали од дозволените.

Новиот канализациски систем во Тркање се проектира со должина од 6 км, со што сите фекални води ќе се поврзуваат со Пречистителната станица, ќе се решат спорните делници со несоодветна нивелација и ќе се спречи излевањето на фекалните води во Трканска Река.

Во презентацијата беше истакнато дека во Оризари најголемите проблеми доаѓаат од нестандардните канализациски цевки без спојки, со изместувања и инфилтрација на други води во нив. Идејното решение опфаќа зафаќање на водите од Кочански Дол во

Оризарска Река, во должина од околу 1 км од левата страна и 600 м од десната страна.

Во буџетот што е донација од Швајцарската агенција за развој и соработка Општина Кочани ќе учествува со 10 %, средства што ќе бидат наменети за потребната експропријација на земјиштето и за изградба на канализациска мрежа.

PIC_5640

PIC_5663

PIC_5637

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари