Илија Николовски – Претседател на Партијата на пензионери на Северна Македонија и кандидат за пратеник од ИЕ – 3 од Коалицијата „Можеме“ денес се претстави пред кочанчани.

Во своето обраќање Николовски кој и досега беше пратеник во Собранието на Република Северна Македонија зборуваше за остварувањата и добивките кои граѓаните на земјата ги добија со оваа Влада.

Николовски како што истакна е горд на сето она што изминатите три години го предложи а Собранието го прифати а беше во интерес на народот. Единствено како што истакна остана да лебди одлуката за зголемување на старосната граница на возачките дозволи, предлог кој по двете читања требало да се најде пред пратениците, но опозицијата не дозволи негово изгласување.

Кандидатот за пратеник од ИЕ – 3 Илија Николовски презентираше и дел од програмата со која влегува на овие избори. Како што истакна влегувањето во НАТО и добивање препорака за отпочнување на преговори за членство во ЕУ се најголемите придобивки кои можеа да и се случат на земјата и дека со продолжувањето да се оди по тој пат добивките за народот ќе бидат огромни.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари