Со СДСМ иднината е сигурна, тоа е иднина во ЕУ и НАТО, иднина со повисоки плати, со стабилна економија, иднина со осигурано здравје на граѓаните.

Понудата на СДСМ на овие избори е понуда која носи план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.

Денес, нашата држава ги решава проблемите на граѓаните на ефикасен и праведен начин. Денес државата обезбедува почитување на законите и неселективна казнивост за криминалот, обезбедува еднакви шанси за сите.

Затоа на 15 јули граѓаните ќе одберат интеграција наместо изолација, ќе одберат мир наместо конфликти, ќе одберат неселективна правда наместо сваровски судство, ќе одберат едно општество наместо поделби.

На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот.

Можеме!

Уште повеќе, уште подобро.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари