Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19: Скопје 70, Куманово 2, Дебар 6, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 25, Струга 4, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 3, Гостивар 11, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 3, Свети Николе 4. Ресен 4.

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти: Скопје 6, Куманово 1, Штип 16, Прилеп 1, Тетово 9, Велес 2, Битола 1, Гостивар 2, Кочани 1,Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари