Во Салата на локалната самоуправа во присуство на претставници од: ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Интегра, ГЛАС за Македонија и СДСМ и Коалицијата беа извлечени редните броеви за плакатирање на партиите за претстојните Предвремени Парламентарни избори.

Просторот за плакатирањето на партиите е по веќе со одлука утврдените локации: потпорниот ѕид на улицата „Димитар Влахов“ на излезот од Кочани, ѕидот на улицата „Тодосија Паунов“ (од крстосницата кај Железничката станица до крстосницата кај „Шумско стопанство“), потпорниот ѕид на улицата „Тодосија Паунов“ (пред Атомските згради), како и на бетонските подлоги во Стришани, кај Плоштадот, пред хотел Центар.

Просторот за плакатирање е одбележан со зелена боја а партиите своето плакатирање ќе го имаат по утврдениот редослед откако беа извлечени редните броеви: 1.СДСМ и Коалицијата, 2.ГЛАС за Македонија, 3.ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и 4.Интегра.

По завршувањето на изборите секоја партија е должна да ги отстрани плакатите, во спротивно ќе се соочи со казни предвидени со Законот.

С. Ивановски

DSCN9500

DSCN9495

DSCN9498

DSCN9502

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари