Лазар Захариев од Кочани (Република Северна Македонија) со подигнати 195 килограми го освои првото место на годинешниот Меѓународен турнир „Србија Опен куп рав бенч 2020“ кој поради настанатата состојба со Ковид – 19 се одржа онлајн, а домаќин беше Лесковац (Република Србија).

Захариев настапи во категоријата до 105 килограми тежина, категорија М1 над 40 година.

За одбележување е и освоеното прво место на Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, кој настапи во категоријата до 74 килограми тежина, категорија М2 со подигнати 135 килограми.

На годинешниот турнир учествуваа натпреварувачи од Република Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Словачка и домаќинот Србија.

С. Ивановски

8788

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари