Некогашниот борач на „Спартак“ од Кочани а моментно член на „Лирија“ од Скопје Столе Ефтимов, како член на репрезентацијата на Македонија во борење до 23 години замина на подготовки во Маврово.

„Веќе сме во Маврово каде во следните три седмици ќе се подготвуваме за претстојното Европско Првенство во борење. Имаме одлични услови за работа а тренираме по двапати дневно. Денес правевме тестови за функционалните способности. Инаку јас и додека траеше паузата работев така да мислам дека нема да имам проблеми околу реализацијата на овие подготовки. Сите се надеваме дека ова што сега се случува во целиот свет ќе помине и ќе можеме да се вратиме на настапите на душекот“ ни рапортираше за неговите први впечатоци од започнатите подготовки Столе Ефтимов.

Инаку репрезентацијата на Македонија до 23 години подготовките ги спроведува со цел да бидат борачите што поспреми за Европското Првенство, кое во месец Ноември би требало да се одржи во Тампере (Финска).

С. Ивановски

73

75

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари