Приложените фотографии се  од  зградата  на  улицата „Охридска“ број 31 – влез 1 во Кочани.

Самото доближување до овој станбен објект покажува дека се работи за нешто посебно, нешто прекрасно, нешто што е подзаборавено на овие простори.

Објектот како од надворешноста, така и од внатрешноста зрачи со една посебна убавина која смирувачки делува не само кај станарите туку и кај нивните гости.

Само што ќе поминете покрај прекрасно уреденото дворно место, на самиот влез ќе наидете на еден домаќински потег. Имено пред влезот станарите поставиле средство за дезинфекција кое и те како е потребно да го има пред секој објект во денешни услови. Откако ќе се одмине ходникот со уредно поставените поштенски сандачиња веќе почнувате да се восхитувате на она што го има поставено на секој кат. На прекрасните цвеќиња кои станарите ги негуваат може само да се восхитува секој што ќе ги види.

Качувањето по скалите нема посетителот да го осети бидејќи во исчекување е на некоја нова цветна градина, а на секој кат таа е речиси поразлична од претходната.

Убав пример за сите оние што живеат во станбени објекти.

Не треба многу, треба само љубов, желба и сплотеност на станарите, а се другото ќе си дојде на своето место.

С. Ивановски

102

103

104

105

106

107

108

101

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари